јуни 9, 2022

Светски ден на крводарителството – 14 јуни 2022 година

На 14 јуни 2022 година ќе се одбележи Светскиот ден на крводарителството. Секоја година земјите ширум светот го одбележуваат Светскиот ден на крводарителството. Настанот има за цел да ja подигне свеста за потребата од безбедна крв и крвни компоненти и да им се искаже благодарност на доброволните, неплатени крводарители за подарената крв која значи спасени животи. Во рамките на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, одбележувањето на Светскиот ден на крводарителството е различно во Националните друштва.

 

Овогодинешна тема за одбележување на Светскиот ден на крводарителството за 2022 година е преземена од Светската здравствена организација и е под мотото  „Дарувањето крв е чин на солидарност. Придружете се во напорите и спасете животи“ за да се стави акцент на вниманието на улогата на доброволното дарување на крв за спасување животи и да се зајакне солидарноста во заедниците.

< врати се назад