март 24, 2022

Светски Ден на Туберкулоза (TБ)

Согласно препораките на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, Црвен крст на Република Северна Македонија се приклучува кон одбележувањето на 24 Март – Светскиот ден на борба против туберкулозата (ТБ) под мотото: ‘‘Инвестирајте за да се стави крај на ТБ. Спасете животи,,

ТБ останува најсмртоносен убиец во светот. Секој ден, над 4000 луѓе го губат животот од ТБ, а близу 30.000 луѓе се разболуваат од оваа превентабилна и излечива болест. Туберкулозата најмногу ги погодува возрасните во најпродуктивните години. Сепак, сите возрасни групи се изложени на ризик.

По повод одбележување на Светски ден на ТБ, општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје на 24 Mарт ќе споделувате постери и објави на социјалните медиуми за важноста од навремена  превенција и рана дијагностика на туберкулозата се со цел да го поттикнеме забрзувањето на напорите за ставање крај на глобалната епидемија на ТБ.

< врати се назад