септември 16, 2021

Светски ден на прва помош – “Биди херој во твоето училиште и заедница!

Црвениот крст на Република Северна Македонија преку своите општински организации на Црвен крст  и Црвен крст на град Скопје и оваа година традиционално го одбележуваа Светскиот ден на прва помош под мотото “Биди херој во твоето училиште и заедница!

Денес на 28 локации низ целата територија на нашата држава се организираат промотивни штандови за реално прикажување на повреди и начинот на нивно санирање со цел да се подигне свеста кај населението за значењето на првата помош како вештина која спасува живот. Промотивните штандови се дел од низата активности кои ги презема нашето Национално друштво во текот на месец Септември во насока на афирмација оваа животоспасувачка алатка.

Што нудиме во областа на првата помош?

  • Курсеви за кандидати за возачи
  • Курсеви за физички лица
  • Курсеви за работни организации
  • Специјализирани обуки за одредени категории на лица
  • Обука на младата популација во рамки на училиштата

Биди и ти херој, научи прва помош!

< врати се назад