Светскиот ден на прва помош
Дали знаете дека секоја година Црвениот крст обучува повеќе од 20 милиони луѓе ширум светот за прва помош?
Вештините за прва помош треба да бидат достапни за сите како круцијален хуманитарен акт што ги оспособува луѓето да спасуваат животи и помагаат да се закрепнат од ненадејна болест или повреда. Поседувањето вештини за прва помош го зголемува капацитетот на поединецот да преземе брза акција за да ги намали или стабилизира сериозните повреди и да ги подобри шансите за преживување на жртвата.
Светскиот ден на прва помош е можност за промовирање и застапување за знаење и вештини за прва помош за пошироката јавност. Оваа година истиот го одбележуваме под мотото “Биди херој во твоето училиште и заедница” со акцент на афирмација на оваа животоспасувачка вештина меѓу младите.