Tелефонски лини за ППП за време на настанатите пожари на различни локации во РСМ
Црвениот крст на Република Северна Македонија ги повикува сите граѓани кои имаат потреба од прва психолошка помош да се обратат на отворените СОС телефонски линии.
Имајќи ги в предвид огнените стихии во изминатиот период во нашата држава и состојбите во кои граѓаните се наоѓаат, Ве потсетуваме за можноста да ги користите отворените телефонски линии на кои ќе добиете соодветна Прва психолошка поддршка од нашите обучени волонтери.
Секое лице кое се чувствува загрозено и вознемирено поради настанатите пожари може да се обрати, постави прашања и добие одговори и совети за успешно справување со ситуацијата која ја загрозува благосостојбата и создава чувство на лична и колективна загрозена безбедност.
Отворените телефонскии линии се поделени на региони а се однесуваат на сите општини и населени места кои припаѓаат на наведените региони.
Отворени линии:
Скопски Регион – 071/367-909, 071/367-981 и 071/379-119
Пелагониски Регион – (Битола, Демир Хисар, Крушево, Прилеп, Ресен)
047/236–019 и 070/791–770
Југозападен и Полошки Регион – (Гостивар, Тетово, Дебар, Кичево, Струга,Охрид)
072/239-051 и 072/239-077
Источен, Североисточен и Југоисточен Регион (Штип, Кочани, Берово, Виница, Делчево, Пробиштип, Кратово, Куманово, Крива Паланка, Струмица, Гевгелија, Валандово, Радовиш)
071/426-660 и 071/426-633
Вардарски Регион (Велес, Неготино, Свети Николе, Градско, Чашка, Кавадарци, Лозово, Росоман, Демир Капија)
075/294-036, 071/274-229 и 043/231537