Тренинг за обука на тимови за одговор во случај на катастрофи
Во организација на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина и Црвен крст на Црна Гора во Црна Гора, во Домот на солидарност во Сутоморе, во периодот од 02-09 октомври 2017 година се оддржа регионална обука за членовите на тимови за справување со катастрофи (РДРТ).
Црвен крст на Република Македонија заедно со 10 други национални друштва од југоисточна Европа и Азија, учествува на тренинг за обука на тимови за одговор во случај на катастрофи. Црвен крст на Република Македонија учествуваше со 2 партиципатори Слободан Митровиќ и Александар Јонузоски и еден фасилитатор национален координатор за одговор при катастрофи Али Самет.
Учесниците се обучија во неколку области за одговор во случај на катастрофа, како што се проценка на состојбата на теренот погодена од катастрофа, здравствена потреби, безбеден пристап и лична безбедност, воспоставување на семејни врски, анализа на ризик, сместување, подготовка на план за дејствување, вода и санитација, промоција на хигиена, психолошка прва помош, мобилизација на ризик во вонредни ситуации, итн.. Во прилoг на теоретски предавања, на учесниците им беа организирани различни вежби, работа во групи, како и симулациски вежби проценка на потреби и сместување на ранлива категорија на луѓе кои се одржаа на територија на општина БАР. Учесниците на тренингот, по завршувањето на обуката, може да им бидат достапни на соседните земји во случај на несреќа, кога им е потребна меѓународна помош.