ТРЕНИНГ ЗА СЛУЖБА БАРАЊЕ – ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА СЕМЕЈНИ ВРСКИ ЗА ТЕРЕНСКИ РАБОТНИЦИ
Во периодот од 14 до 16 октомври 2022 година Црвениот крст на РСМ во Центарот за едукација Солферино во Струга реализираше тренинг за служба барање – воспоставување на семејни врски за теренски работници. Тренингот е во рамките на проектот Миграции, поддржан од Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.
На тренингот учество земаа волонтери и вработени од 19 Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје кои се стекнаа со основни знаења со работата на Службата за барање – ВСВ и услугите кои се нудат преку истата. Крајна цел и резултат на овој тренинг е воспоставување на Служба за барање – ВСВ мрежа од Служба за барање – ВСВ теренски работници во рамки на нашето Национално друштво.
Целите на обуката беа да се зајакнат знаењата и вештините на вработени и волонтери во ООЦК/ЦКГС за работењето и функционирањето на Службата за барање – ВСВ, капацитетите за работа на терен, нудење на ВСВ услугите и работа и контакт со корисници/баратели; и да се воспостави интерна ВСВ мрежа на Националното друштво со ВСВ работници на терен;
Преку овој тренинг учесниците се стекнаа со основни знаења за Меѓународното хуманитарно право, мандатот на Меѓународниот комитет на ЦК и мандатот на Црвениот крст и нашата улога доделана од држават преку реализирање активности на службата за барање – Воспоставување на семејни врски.