Трета регионална средба со секретари за процес ТРАНСФОРМАЦИЈА 28
Регионалните работилници со секретарите на општински организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје ги завршуваме во Струмица. Процесот на Трансформација 28 утврдува нови форми на делување, иновативни сервиси и услуги, транспарентни и отченти пристапи во работењето, одржливи и силни партнерства со државните институции, организациите и корпоративниот сектор.
На последната регионална средба со секретари учество земаа претставници на општински организации на Црвен крст на Струмица, Кочани, Радовиш, Делчево, Свети Николе, Валандово, Штип, Гевгелија, Виница и Пробиштип.
Но не застануваме тука, консултациите продолжуваат со нашите волонтери, членови, партнери и соработници.