април 12, 2024

ЦКА-ПХВ на терен

Низ сите Општински организации на Црвен крст, кои реализираат активности како дел од програмата Промоција на хумани вредности, е многу раздвижено. Младите се на терен и се поделени во помали групи. Водени од својот одговорен дисеминатор тие лоцирале целни групи на кои им е потребна помош и поддршка. Во секој град, просечно се работат по 4 мали проекти за добробит на зедницата што подразбира истражувања, организирање на активности, раздвижување на заедницата, многу промоции и видливост. Проектите се од интеркултурен, еколошки или социјален карактер, во зависност од потребата и истражувањето.

Периодот за комплетна изработка на малите проекти е 10 мај и до тогаш очекуваме финализирање на повеќе од 120 мали проекти. Но, очекуваме и многу научени нешта, променети животи на целните групи, многу другарување со волонтерите, но и со децата со посебни потреби и трасирање на патот на хуманоста кои многу генерации пред оваа генерација веќе го имаат изодено!

Заедно можеме повеќе!

#phv2024 #пхв2024 #redcross #ЦКмлади

< врати се назад