октомври 30, 2023

Учество на лидерски состанок на Претседатели и Генерални секретари на Националните друштва

На 27.10.2023 година во Атина, Грција се одржа лидерски состанок на Претседатели и Генерални секретари на Националните друштва од Европа и Централна Азија на кои учествуваа 23 национални друштва од регионот меѓу кои и делегација на Црвениот крст на РСМ во состав Проф. д-р Ромел Велев – Претседател, д-р Саит Саити – Генерален секретар и Владимир Вукелиќ – стручен соработник за соработка и развој.

            Состанокот го водеше Потпретседателот на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина од Европа г-ѓа Natia Loladze, додека домаќинот на настанот – Грчкиот Црвен крст предводден од Претседателот г-дин Antonios Avgerinos се погрижи за сите потребни услови за работа, пријатна атмосфера и споделени содржини и позитивни практики од работата на националното друштво. Во Формалното обраќање на отворањето на средбата присутните ги поздравија и Заменик Премиерот на Грција Mr. Panagiotis Pikrammenos и Министерот за труд и социјални работи Mr. Kostis Hatzidakis.

            За време на состанокот беа дискутирани повеќе теми поврзани со имплементацијата на заложбите од последната Европска конференција одржана во Тбилиси во 2022 година, подготовките за вонредната изборна седница на Генералното собрание на МФЦК закажана за 11ти декември 2023 година, подготовките за 34-та меѓународна конференција закажана за октомври 2024 година, процесот на ревизија на статутот на МФЦК, како и за важноста од вмрежувањето на Националните друштва со претставување на позитивни практики во регионот. За време на средбата свое обраќање имаше и г-ѓа Natia Loladze но овој пат во улога на кандидат за Претседател на МФЦК за претстојните вонредни избори.

< врати се назад