Red Cross Shape
Учество на настан за формално преземање на секретаријатот на мрежата „Соседите помагаат први“ од страна на Бугарскиот Црвен крст

2023-02-01

Учество на настан за формално преземање на секретаријатот на мрежата „Соседите помагаат први“ од страна на Бугарскиот Црвен крст

Во периодот 30.01-01.02.2023 година во Софија, Р. Бугарија, Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ д-р Саит Саити заедно со претставници од националните друштва членки на мрежата „Соседите помагаат први“ учествуваа на формален настан за предавање на менаџирањето со секретаријатот на мрежата за наредните две години.

Извршниот претседател на Хрватскиот Црвен крст г-дин Роберт Маркт и Претседателот на Бугарскиот Црвен крст акад. Христо Григоров, потпишаа „Протокол за примопредавање“ со кој Хрватскиот Црвен крст го предава менаџирањето со мрежата „Соседите помагаат први“ на Бугарскиот Црвен крст.

Согласно заклучоците од состанокот на мрежата одржана на 02.12.2021 година Бугарскиот Црвен крст ќе биде домаќин на секретаријатот на мрежата во периодот 01 јануари 2023 – 31.12.2024 година. Од Хрватскиот Црвен крст е предадена целата документација за активностите на мрежата и нејзините состаноци во периодот 2020-2022 година и префрлени се преостанатите средства од придонесот на членарините на националните друштва.

Други вести

Психо-социјална поддршка на онколошки пациенти
Турнир во мал фудбал „Во чест на Гиго“
Одржан регионален натпревар по прва помош за Регион 1 за 2026 година

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom