
Учество на партнерски состанок во Софија, Р.Бугарија
Во период од 06-07.11.2019 во Софија, Р. Бугарија се одржа партнерски состанок во рамките на ЕРАЗМУС Проектот ,, Безбедни училишта и градинки: Развивање на on-line платформа за безбедно и добро подготвени основни училишта и градинки,, кој се реализира во Бугарија, Северна Македонија, Србија, Хрватска и Австрија.
Целта на состанокот беше да се презентираат и дискутираат тековните активности поврзани со очекуваните резултати како што се:
- првата помош и платформата за подготвеност и одговор во услови на катастрофи – техничките моменти и следните чекори;
- да се дискутираат и финализираат активностите поврзани со on-line и лице в лице обуките согласно адаптираните верзии од секоја земја како и аспектите за евалуација на активностите
- презентација и дискусија за препораките од политиките на секоја земја
- размена на искуства поврзани со активностите за дисеминација, застапување и лобирање
- планирање, финансиски и административни активности поврзани со имплементацијата
- презентација на извештајот за евалуација и поставување индикатори
На овој партнерски состанок присуствуваа Јасмина Кузмановска -Раководител на Сектор за програми и мобилизирање на фондови и Мајлинда Мустафа -Раководител на Одделение за односи со јавност и стандарди за брендирање. Следниот партнерски состанок ќе биде на 28 – 29.04.2020 во Скопје.