УЧЕСТВО НА РЕГИОНАЛНА ЛЕТНА ШКОЛА ЗА БЕЗБЕДНОСТ 2018
Во период од 05-07.06 2018 година во Охрид се одржа Регионална летна школа за безбедност 2018 на тема: ˮИдентитетот, миграцијата, и новата безбедносна агенда во Европаˮ во организација на Факултетот за безбедност Скопје, Фондацијата “Кондрад Аденауер”, Вилфред Мартенс центарот за европски студии и Центарот за истражување и креирање политики на која професори и студенти партиципираат од Република Македонија, Република Грција, Република Бугарија и Република Србија.
На Регионална летна школа за безбедност 2018 зема учество и генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија д-р Саит Саити на тема: ˮУправување со мигрантската криза – Научени лекции и препораки ˮ.
Во рамки на школата покрај теориски-практичниот дел има и показна симулативна вежба за прифат на мигранти кои ја организираа Црвен крст на Република Македонија и МВР.