октомври 8, 2021

Учество на Тренинг за тренери за здравје во итни состојби

Во периодот од 5 до 7 Октомври 2021 година во Будимпешта, Унгарија регионалната канцеларија за Европа на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, организираше Тренинг за тренери за здравје во итни состојби. Тренингот беше организиран во рамките на проектот ‘‘Градење комуникациски и координативни капацитети за ефективна подготвеност и одговор во Југоисточна Европа,, финансиран од USAID.

На тренингот учествуваа претставници од Црвениот крст на РСМ, Црвен крст Србија, Црвен крст Црна Гора, Црвен крст Албанија и Црвен крст Босна и Херцеговина.

Главна цел на тренингот беше да се зајакнат знаењата и вештините на здравствениот персонал на НД за здравство во итни случаи и здравствени последици предизвикани од катастрофи и кризи состојби ако и да се освежат алгоритмите на дејствување на здравство во итни случаи, подготовка на Emergency Appeal/DREF  во согласност со SPHERE стандардите.

Учесниците на овој тренинг се здобија со сертификат за Тренинг на тренери за здравје во во итни состојби, и со тоа ќе имаат можност понатаму да ги дисиминираат стекнатите знаења и вештини на вработените и волонтерите од своите НД и на тој начин да ги зајакнат капацитетите на НД од областа на здравство во итни и кризни состојби.

 

< врати се назад