Red Cross Shape
„Вашиот прилoг – значајна помош“

2017-04-18

„Вашиот прилoг – значајна помош“

Црвениот крст на Република Македонија  под мотото: ,,Вашиот прилог – значајна помош,,  oд  17 до 23 април  2017 година со пригодни активности ја одбележува традиционалната ,,Недела на солидарноста,,. Во рамките на Неделата, Црвениот крст организира Собирна акција со цел да се побуди чувство на хуманост, взаемност и солидарност кај граѓаните, посебно кај младата генерација за меѓусебната помош и поддршка, како и да се обезбеди соодветна помош за најранливите категории на население. Во акцијата може да се донира  храна, облека, обувки, средства за хигиена, и истите можат да се предадат во општинските организации на Црвениот крст.

Граѓаните и компаниите можат да донираат и парични средства:

  • Со повик на мобилните телефонски броеви – донација од 100,00 денари: 070/075/077 143 400 
  • Со уплата на донациите на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на Република Македонија: 300000001327966 АД Комерцијална банка, ДБ 4030984271620.

Во текот на оваа  недела  се организира и акцијата ,,Од куќа до куќа,, во која волонтери  на  општинските организации на Црвен крст ќе извршат  посети на граѓаните  во нивните домови кои можат да донираат средства според нивната желба и можност.

Собраните парични средства од акцијата  ќе бидат наменети за обезбедување на помош во храна за семејства изложени на социјални ризици.

 

Други вести

Одржан регионален натпревар по прва помош за Регион 1 за 2026 година
Честит 8 Мај – Светски ден на Црвен крст и Црвена полумесечина
Црвениот крст доби плакета од МВР по повод Денот на полицијата

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom