јануари 17, 2019

Започна ЦКА-ПХВ циклусот за 2019 година

На 15 и 17 јануари се одржаа работилници  за лицата кои се избрани од страна на своите ООЦК за дисеминатори во ЦКА-ПХВ циклусот во 2019 година. Еднодневната обука имаше за цел да ги запознае дисеминаторите со програмата, да бидат обучени за држење на работилници за дисеминација и документирање, како и да бидат информирани за временската рамка, за начинот на промоција на малите проекти и мотивација на младинците кои оваа година ќе бидат дел од програмата. Обучени се вкупно 36 дисеминатори  од 28 Општински организации , и дополнително еден дисеминатор од Меѓународни училишта НОВА.

И оваа година програмата ќе обучува младинци на возраст од 13 до 17 години и тоа по 30 младинци во Општинските организации кои оваа година се пријавија да учествуваат во програмата или вкупно 1.100 младинци.  До 28 февруари, треба да ги реализираат сите 100 планирани обуки и потоа младите ќе имаат време до 06 мај да ги изработат своите проекти кои оваа година треба да бидат во насока на акција во заедница- што подразбира хуманитарни проекти и инеркултурна акција-под што се подразбира проекти насочени за промоција на мир, толеранција и соживот.

 

< врати се назад